Одредот ги остварува
своите цели преку
поддршка на

развој на децата и младите

Со што тие би го достигнале својот целосен потенцијал и како одговорни граѓани би придонеле за развојот на општествената заедница.

Заради остварување на своите цели, одредот при работа со децата и младите луѓе го употребува извидничкиот метод. Извидничкиот метод претставува систем на прогресивно самообразование, кое се остварува преку комбинирање на следниве елементи:

Работа во мали групи

Патрола, е основната организациска структура во извидништвото. Секоја мала група, која обично се состои од 10тина млади членови, работи како тим со еден член кој дејствува како лидер на тимот. Во рамките на секој тим и на начини соодветни на нивните капацитети, извидници го организираат својот живот како група, делејќи одговорности за кои одлучуваат, организираат, ги извршуваат и оценуваат нивните активности.

Природа

Обезбедува идеален простор во кој може да се примени извидничкиот метод како и за развивање на физичкиот, интелектуалниот, емоционалниот, социјалниот и духовниот потенцијал. Тоа вклучува развој на конструктивен контакт со природата и целосно искористување на сите можности за учење обезбедени од природниот свет.

Учење преку работа

Учење преку работа значи развој како резултат на искуство од прва рака, наспроти теоретската настава. Тоа го одразува активниот начин на кој се стекнува знаење, вештини и ставови и го илустрира практичниот приод на извидништвото кон образованието. Учење преку правење, исто така, им овозможува на сите во групата (или тим) активно да се вклучат во процесот и да преземат иницијативност, со помош на нивните врсници и возрасни волонтери.

Личен развој

Личниот развој е за да му помогне на секој поединец да биде свесно и активно вклучен во неговиот или нејзиниот сопствен развој. Тоа им овозможува на децата и младите да напредуваат на свој начин и со свое темпо, да стекнат доверба и да го признаат постигнатиот успех и напредок. Системот на освојување вештини во форма на амблеми, е главната алатка што се користи за поддршка на овој елемент на Извидничкиот метод.

Поддршка од возрасните

Извидништвото е младинско движење, каде што младите луѓе прават активности со поддршка на возрасните. Улогата на возрасните во извидништвото е да бидат лидери на активности, едукатори, тренери и фасилитатори. Со други зборови, да бидат сигурни дека нашите млади членови прават значајни активности кои го промовираат извидништвото и напредуваат во својот индивидуален извиднички развој, како и групата како единствена целина.

Вклученост во заедницата

Активно истражување и посветеност на заедниците и поширокиот свет, поттикнувајќи поголема благодарност и разбирање меѓу луѓето. Терминот „заедница“ се однесува на општествена единица чии членови имаат нешто заедничко. Заедницата на извидници ги вклучува оние во извидништвото (на пр. патрола, одред, сојуз) или надвор од извидништвото (на пр. семејство, училиште и нација) и може да биде од локална или меѓународна природа.

Завет и закони

Извидништвото е инклузивно и е отворено за секого без разлика на пол, возраст, потекло, вера или верувања. Секој извидник е единствен, но сите заедно наоѓаат заеднички јазик во заедничките извиднички вредности. Овие вредности се поддржани во Извидничкиот завет и закони кои се приспособени да одговараат на уникатната култура, традиции и различноста на секоја Национална извидничка организација

Заветот и Законите се едноставниот начин на кој им помагаме на младите и возрасните да се сетат и да размислуваат за основите на извидништвото.

Симболичка рамка

Во извидништвото, симболичка рамка е збир на елементи кои ги претставуваат концептите кои извидништвото сака да ги промовира. Целта на симболичката рамка е да се гради капацитетот на младите за имагинација, авантура, креативност и иновативност. Тоа е начин да се направат активностите кохезивни и забавни и да се разберат вредностите на извидништвото.