Категории на членови

Развигорци

деца на возраст 7-10 год

Извидници

деца на возраст 11-14 год

Истражувачи

деца на возраст 15-17 год

Ровери

млади на возраст 18-29 год

Младите имаат потреба за здрав раст и правилен психички, физички и ментален развој. Преку игра, рекреација и спорт, младите физички правилно се развиваат, се учат на тимска работа, доверба, самодисциплина, размислување, логично мислење, почит кон другите, комуникација и друго. Овие активности им помагаат на младите во соочување со предизвици и ги спремаат за преземање активна улога во своите средини.

„Среќата не е само задоволство, не е резултат на богатство. Тоа е резултат на активна работа, а не на пасивно уживање во задоволството.“

- Robert Baden-Powell

Активностите кои им ги нуди СИМ (Сојузот на извидници на Македонија) на младите, за задоволување на овие потреби, се: кампови, прошетки во природа, игри, извиднички и спортски натпревари, истражувачки активности, едукативни работилници (правилна исхрана и лична хигиена, ненасилна комуникација, толеранција, намалување на предрасуди и др.) – активности кои ги поттикнуваат младите да усвојуваат здрав стил на живот.
Програмата на СИМ опфаќа голем број на области, како што се:
Членовите на извидничката организација, преку метод на постепено, континуирано учење и напредување прилагодено според старосни категории, стигнуваат до знаењa и вештини во наведените области, кои не се добиваат во системот на формално образование.

01 Развигорци

Деца на возраст од 7 до 10 години

Развигорците се најмладата категорија на членство во Сојузот на извидници на Македонија. Најчесто, тоа се млади деца на возраст 7-10 години. Во овој период, овие деца се отворена книга со неиспишани страници. Задачата на извидничката организација е да одговори на нивните потреби и нивната љубопитност, да ги научи на здрави навики и да го поттикне нивниот развој.

02 Извидници

Деца на возраст од 11 до 14 години

Во категоријата извидници спаѓаат сите членови на извидничкото движење на возраст 11-14 години. Оваа категорија претставува столб на извидничкото движење бидејќи членовите кои припаѓаат во оваа категорија се најбројни. Извидниците се категорија која исто така е најчувствителна; тие влегуваат во период на рана адолесценција.

Категоријата извидници е тесно поврзана со категоријата истражувачи поради тоа што извидниците се во период на рана адолесценција, додека, пак, истражувачите се во период на доцна адолесценција. Затоа, програмата на овие две категории е многу важна и треба да ги исполнува нивните потреби и желби, со цел да им се помогне да ги откријат своите афинитети и да го определат понатамошниот тек на нивниот живот.
Извидниците уживаат во авантури, како на пример, качување по карпи, планински велосипедизам, кајакарство и кампување, и работат во групи со млади луѓе, со цел да ги исполнат возбудливите предизвици.

03 Истражувачи

Деца на возраст од 15 до 17 години

Истражувачи се извидниците на возраст 15-17 години кои се активни членови на извидничката организација.

Истражувач може да биде секое момче или девојка кои наполниле 15 години и имаат желба да истражуваат и доживуваат авантури. Тие патуваат и откриваат, постојано учат и се развиваат.
Во оваа категорија, тие заеднички креираат активности согласно зададените развојни цели, кои ги постигнуваат преку многу авантура, забава и дружење.

„Обидете се и оставете го овој свет малку подобар отколку што го најдовте“.

- Robert Baden-Powell

04 Ровери

Млади на возраст од 18 до 29 години

Ровери се млади луѓе на возраст од 18 до 29 години, посветени на забава и авантура, кои му служат на општеството преку извидничката програма. Постојат насоки за роверите кои постојано еволуираат и се развиваат, со цел да им помогнат максимално да го искористат своето време, да го развијат својот карактер и активно да ги вклучат во развојот на заедницата во кое живеат.

„Извидникот никогаш не се изненадува; тој точно знае што да прави кога ќе се случи нешто неочекувано“.

- Robert Baden-Powell